Запленети телефони „ајфон“ / Фото: Царинска управа

ФОТО | Фатени шверцери на „ајфони“: ги купиле преку интернет со криптовалути од лице во Бугарија

Цариската управа поднесе кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари.

Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“.

Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде се преземени предистражни дејствија. Во постапката е утврдено дека првоосомничениот, по договор со второосомничениот, во негово име ги презел мобилните телефони кои претходно биле порачани преку интернет од лице во Бугарија, за кои биле платени пет илјади евра во криптовалута.

Запленети телефони „ајфон“ / Фото: Царинска управа

По преземањето, телефоните биле скриени во багажниот простор со цел да се избегне царинската контрола и плаќање давачки кон државата во износ од 64 илјади денари.

Телефоните се запленети, а против сторителите е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Струмица, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот