ФОТО | Ема Вотсон се прости со „Хагрид“: Ќе ми недостасува твојата топлина

Ема Вотсон и Роби Колтрејн како Рубеус Хагрид во „Хари Потер“ / Фото: EPA/Profimedia

Смртта на шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој се стекна со голема популарност поради својата улога на Рубеус Хагрид во филмскиот серијал „Хари Потер“, ги растажи неговите соработници, но и бројните обожаватели ширум светот.

Една од нив е и младата британска актерка Ема Вотсон, која му посвети емотивна објава на социјалните мрежи.

„Роби ми беше како најзабавниот чичко што некогаш сум го имала, но најмногу од сè, тој беше многу грижлив и сочувствителен кон мене кога бев дете, но и сега како возрасна. Неговиот талент беше толку огромен што имаше смисла да глуми џин – тој можеше да пополни секој простор со својата брилијантност. Роби, ако некогаш успеам да бидам толку љубезна како што беше ти кон мене на филмскиот сет, ветувам дека ќе го направам тоа во твое име и сеќавање. Знај дека те обожавам и дека ти се восхитувам. Навистина ќе ми недостига твојата милост, твоите прекари, твојата топлина, твоите насмевки и твоите прегратки. Ти нѐ направи семејство. Знај дека ти беше тоа за нас. Не постоеше подобар Хагрид, ти направи да ми е задоволство што ја глумам Хермиона“, напиша Вотсон на Инстаграм.

Покрај пораката, таа ја објави и нивната последна заедничка фотографија од снимањето на специјалната емисија по повод 20-годишнината од првиот филм за Хари Потер.

Фото: Инстаграм/Ема Вотсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот