ФОТО | Џенифер Лопез за „Вог“: Многу луѓе не сакаа да бидам со Бен Афлек
Пејачката и актерката Џенифер Лопез се најде на насловната страница на декемврискиот број на модното списание „Вог“.
Во разговор со новинарот Роберт Хаскел, 53-годишната латино ѕвезда сподели како се чувствува за обновувањето на романсата со Бен Афлек, за земањето на неговото презиме и за односот со нивните деца.
„Луѓето и понатаму ќе ме викаат Џенифер Лопез. Но, моето легално име ќе биде госпоѓа Афлек, бидејќи ние сме соединети заедно. Ние сме сопруг и сопруга. Се гордеам со тоа. Не мислам дека тоа е проблем“, вели таа.
View this post on Instagram
Сепак, Лопез не смета дека нејзиниот сопруг треба да го земе нејзиното презиме.
„Не! Тоа не е традиционално. Нема никаква романса во тоа. Ова за мене е моќен потег. Јас во голема мера имам контрола врз мојот живот и мојата судбина и се чувствувам моќно како жена и како личност. Можам да разберам дека луѓето имаат свои чувства во врска со ова и тоа е во ред. Но, ако сакате да знаете како се чувствувам јас, јас едноставно чувствувам дека ова е романтично. Тоа за мене сé уште носи традиција и романса, па можеби јас сум таков тип на девојка“, смета пејачката.
View this post on Instagram
Таа се присети и на нивната романса во 2002 година, велејќи дека тогаш биле многу млади и многу вљубени – без деца и без обврски.
„Си ги живеевме животите и бевме среќни. Не мислевме дека треба да се криеме од некој или да бидеме дискретни. Едноставно живеевме со жар и тоа нé повреди. Имаше многу луѓе што не сакаа да бидеме заедно, луѓе кои си мислеа дека не сум вистинската за него“, сподели Лопез.
View this post on Instagram
„Ние двајцата се изгубивме еден со друг и повторно се пронајдовме… Сé што некогаш сме сакале е да стигнеме до точка на мир во нашите животи каде навистина ќе чувствуваме онаков тип на љубов која може да се почувствува само кога си многу млад и се прашуваш дали можеш да го имаш тоа повторно“, раскажа таа.
View this post on Instagram
Лопез и Афлек се изрализирани како родители – таа има две деца од бракот со Марк Ентони, а тој има три деца од бракот со Џенифер Гарнер. Според неа, децата одлично го прифатиле бракот на нивните родители.
„Засега сé е одлично. Она што сакам да го создадам во нашето семејство е неговите деца да имаат нов сојузник во мене, а моите деца да имаат нов сојузник во него, некој кој навистина ќе ги сака и ќе се грижи за нив“, посакува пејачката.
View this post on Instagram
За потребите на фотосесијата, Лопез позираше во креации на Гучи, Валентино, Марк Џејкобс и Сен Лоран. Неа ја стилизираше стилистката Алекс Џордан Харингтон.
Прекрасните фотографии ги направи легендарната американска фотографка Ени Либовиц.