
ФОТО | Двесте пара патики на „Луј Витон“ продадени за 25 милиони долари
Аукциската куќа „Сотби“ во средата објави дека 200 пара патики „Луј Витон“ и „Најк“ (Ер Форс 1), од аукцијата, кои ги дизајнираше починатиот дизајнер Вирџил Абло, се продадени за вкупно 25 милиони долари, пренесува „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Портпаролот на аукциската куќа изјави за АФП дека за еден пар најмногу платено – повеќе од 350.000 долари во текот на онлајн-продажбата, која траела од 26 јануари до 8 февруари.
Тие започнале лицитацијата од 2.000 долари и предвидувале дека ќе се продава помеѓу 5.000 и 15.000 долари по пар. На крајот, патиките во просек чинеле повеќе од 100.000 долари.
View this post on Instagram
Најевтиниот пар е продаден за нешто повеќе од 75.000 долари. Специјалното издание на патики, изработени од телешка кожа, првично беше креирано за машката колекција пролет-лето на „Луј Витон“, за 2022 година, чиј уметнички директор беше Абло.
Патиките со кафеава, бела и крем боја, можат да се пофалат со познатото лого на „Најк“ со препознатливиот монограм и мотиви на „Луј Витон“.
Вирџил Абло, мултиталентиран диџеј, архитект и дизајнер почина на 28 ноември 2021 година, на 41-годишна возраст, по борба со ракот. Абло беше, инаку, близок соработник на раперот Канје Вест и првиот Афроамериканец назначен за креативен директор на врвната француска модна куќа.
Почина Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Louis Vuitton“ и основачот на „Off-White“