ФОТО | Девојчето со црвеното палто во „Шиндлеровата листа“ сега им помага на украински бегалци

Шиндлерова листа, Фото: IMDB-принтскрин

Оливија Дабровска имала околу 3 години кога стана неизбришлив дел од филмската историја во оскаровецот „Шиндлеровата листа“ на Стивен Спилберг.

Девојчето со црвено палто кое шета низ гетото во Краков додека неговите жители се цел на германските војници, не само што е единствената боја во инаку црно-белиот филм, туку го симболизира и преодот во филмот помеѓу надеж и безнадежност, насилство и сочувство, вина и невиност.

„Шиндлеровата листа“ е приказна за член на нацистичката партија кој им помогнал на илјадници Евреи да ја избегнат смртта. Исто како и главниот јунак во филмот, Дабровска, која сега има 32 години и живее во Полска, им помага на украинските цивилите кои се обидуваат да избегаат од војната.

На 9 март, поранешната актерка сподели уметнички приказ на нејзината култна сцена во филмот со променета боја на палтото од црвена во сина за да го претстави сино-жолтото знаме на Украина, кое исто така го сподели како дел од објавата.

„Таа отсекогаш била симбол на надежта, нека биде повторно“, напиша Дабровска.

Дабровска се упати на полско-украинската граница за да им помогне на бегалците, а на социјалните мрежи побара помош во нивно име. Меѓу објавите таа сподели и сцени по бомбардирањето на украинскиот град Јаворив, пишува „NY Post“.

„Денес Русија го бомбардира Јаворив. На само 20 километри од Полска. Толку блиску! Исплашена сум, но тоа само повеќе ме мотивира да им помагам на бегалците“, напиша Дабровска.

Дабровска во средата ја објави својата фотографија и рече дека таа и нејзината мајка напредуваат во набавката на комплети за прва помош за украинските војници, воспоставуваат механизам за донации и „активно им помагаат на бегалците, на терен и онлајн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот