ФОТО | Денес му е роденден на Пирс Броснан: Молитвата и црковните миси се дел од неговиот живот

Фото: Instagram/ Pierce Brosnan

Животот на познатиот ирsки актер Пирс Броснан е одбележан со светска слава и кариера богата со успешни филмски остварувања, но и големи трагедии од кои актерот никогаш не се опоравил.

Фото: Wikimedia/ Pierce Brosnan

Во 1980 година го освоил срцето на австралиската актерка Касандра Харис, со која и се заколнал на вечна љубов. Благодарение на неа, тој е еден од најпознатите актери, бидејќи таа го убедила да си ја проба среќата во Холивуд. Плод на нивниот среќен живот се трите деца Крис, Шон и Шарлот. За жал, нивната брачна идила завршува по само 11 години, бидејќи Касандра ја изгубила битката со ракот на јајниците. Пирс бил скршен од тага, со месеци не излегувал од дома, и само децата го одржувале во живот.

По многу години, суровата судбина му задала уште еден „жесток шамар“, кога во 2013 година болеста со која се борела Касандра се вратила во неговиот живот, но овој пат земајќи го животот на неговата ќерка Шарлот.

Фото: Instagram/ Pierce Brosnan

Тој останал вдовец и самохран татко, целосно разочаран од животот, сè додека во неговиот не се појавила десет години помладата дама по име Кили Шај Смит. Таа е жена со просечна убавина, која секогаш се наоѓа на насловните страници на модните списанија, гордо покажувајќи ги вишокот килограми. Со Пирс се венчале во 2001 година, по неколку години врска, а од овој брак ги имаат двете деца – синовите Дилан и Парис. Во брак се веќе 18 години и се’ уште се заљубени како тинејџери.

Фото: Instagram/ Pierce Brosnan

Но, животот на Пирс Броснан не наишол на неволји за првпат со смртта на неговата прва сопруга. Првите удари во животот ги почувствувал уште во детството. Имено, актерот живеел во сиромаштија, израснат од  своите баби и дедовци, бидејќи бил напуштен од родители. Во 1964 година заминал во Шкотска каде се сретнал со својата мајка и нејзиниот нов сопруг.

Фото: Instagram/ Pierce Brosnan

Длабоките рани што со децении ги носел во себе, успеала да ги излекува новата љубов Кели Шај, но и цврстата христијанска вера што во детството му ја всадиле неговите баба и дедо.

Фото: Instagram/ Pierce Brosnan

Броснан кажал дека пораснал како католик и секогаш ќе остане тоа, иако не ги поддржува сите одлуки на црквата. Молитвата му е многу важна, како и одењето на миса.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот