ФОТО: Бруно Фернандеш со порака го честита големиот јубилеј на ФК Вардар

Бруно Фернандеш со натписот „Македонија за Вардар 23/11/2022“/фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Бруно Фернандеш, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, со порака го честита големиот јубилеј на фудбалскиот клуб Вардар.

– Оваа фотографија нека сведочи за големината на нашиот Вардар, а за сите навивачи нека биде мотив плус – пренесуваат скопските „црвено-црни“.

Потсетување дека во среда (23 ноември) натпреварот на Вардар против босанскиот Железничар е дел од прославата на 75 години ФК Вардар и 35 години Комити Запад.

Овој меч ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 19.30 часот.

Фернандеш, играчот на Манчестер јунајтед моментно е со португалската репрезентација за настапот на Светското првенство во Катар.

фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот