ФОТО | Бизарно: Луѓето масовно се „лепат“ на инфлуенсерка создадена од вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инфлуенсерката Мила Софија е производ на вештачката интелигенција, но иако не е вистински модел, собра голем број лајкови и коментари на социјалните мрежи и стана вирална.

Русокосата инфлуенсерка има профили на Инстаграм, ТикТок и Твитер, а описот на нив гласи: “Јас сум 19-годишна виртуелна девојка од Хелсинки. Ме создаде вештачка интелигенција”.

„Добре дојдовте во моето виртуелно царство! Јас не сум обична инфлуенсерка, јас сум 19-годишна девојка која живее во Финска, но еве еден пресврт – јас сум виртуелна инфлуенсерка генерирана од вештачка интелигенција. Како модел, носам неспоредлива и футуристичка перспектива во доменот на стилот“.

„Без разлика дали се работи за модната писта или дигиталниот пејзаж, мојата страст лежи во претставувањето на најновите трендови и поместување на границите во модната индустрија која постојано се развива“, е истакнато во нејзиниот опис.

Додека некои од сликите на Мила навистина изгледаат како креации на вештачка интелигенција, други изгледаат толку реално што корисниците на социјалните мрежи оставаат куп коментари под нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот