ФОТО | Бил Гејтс се појави со новата девојка, во неа се вљуби по разводот од Мелинда

Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Милијардерот Бил Гејтс во саботата се појави со новата партнерка Пола Хaрд на доделувањето на наградите „Брејктру прајз“(Breakthrough Prize) во Лос Анџелес, каде што се доделуваат признанија на научниците кои го менуваат светот. Новопечената двојка била складно облечена на престижниот настан.

На ова глетка јавноста не е навикната, бидејќи милијардерот претходно во јавноста се појавуваше со својата поранешна сопруга Мелинда Гејтс – изгледаа како партнери кои не можат еден без друг, но меѓу нив пукна љубовта и разводот беше неминовен.

Две години откако Бил Гејтс се разведе од Мелинда Гејтс, а тие ставија точка на бракот во 2021 година, се дозна дека милијардерот се забавува со Пола Хард. Во февруари 2023 година, извор изјави за „Пипл“ дека врската веќе воопшто не е тајна, а дека новата љубов на Бил не ги запознала неговите деца од бракот со Мелинда, Фиби, Џенифер и Рори.

Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Новиот пар се појави на неколку настани пред да ја потврди својата врска. На пример, тие беа заедно на Австралија Опен во 2023 година.

Пред веста за таа врска, Бил Гејтс за Би-би-си одговорил на следното прашање дали планира да најде нова љубов по разводот: „Се разбира, јас не сум робот“.

Пола Хaрд беше во брак со Марк Херд, поранешен извршен директор на софтверската компанија „Оракл“ и поранешен шеф на „Хјулит-Пакард“, речиси 30 години, до неговата смрт во 2019 година. Тие добија две ќерки, Кејтлин и Кели. Дипломирала деловна администрација на Универзитетот Тексас во Остин, во 1984 година.

Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Таа е седум години помлада од Бил Гејтс, кој во октомври ќе го прослави својот 69-тиот роденден. Мелинда Гејтс, со која се ожени во 1994 година, има 59 години.

Пола Хард со години работеше во софтверската компанија НКР (Нејшенл кеш реџистер), која е врвен снабдувач на софтвер, хардвер и услуги за банките и малопродажбата. Сега работи како развивач и организатор на широк спектар на „незаборавни“ настани за лични, корпоративни и добротворни цели. Долго време се занимава со хуманитарна работа, за што во јавноста се залага и Бил Гејтс.

Бил и Мелинда Гејтс: Кој ќе ја добие велелепната куќа вредна 43 милиони долари по разводот?

ФОТО | Мелинда и Бил Гејтс објавија фотографии од првото внуче

Се шпекулираше дека неговото неверство е причина за разделбата: Мелинда сега откри зошто се развела од Бил Гејтс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот