ФОТО | Анѓелка Прпиќ објави фотографија по породувањето: „Млади и луди“

Фото: Instagram/ andjelkap

Актерката Анѓелка Прпиќ веќе подолг период е во центарот на медиумското внимание поради нејзиниот љубовен живот.

Мината недела, медиумите пренесоа дека таа се породила со девојче, по име Чарна. Ова е прво дете од љубовната врска со новиот партнер Марко, близок пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарко Прпиќ.

По кратка пауза од очите на јавноста, таа се огласи на Инстаграм, каде ја објави првата фотографија по породувањето и покажа со кого е во друштво.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Имено, актерката решила малку да одмори и со својата пријателка и актерка Ања Мандиќ излегла во кафуле. Двете пиеле вино, а покрај фотографијата Анѓелка напишала: „Млади и луди“.

Инаку, Анѓелка во јавноста не зборуваше за нејзината бременост, но често споделуваше фотографии и покажуваше како ужива.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот