ФОТО: Американскиот амбасадор во Истанбул се сликаше во акција како Џејмс Бонд

Американскиот амбасадор како Џејмс Бонд/Фото: Инстаграм

Американскиот амбасадор во Турција Џеф Флејк објави фотографија на која трча на покривот на Капали чаршија, една од знаменитостите во Истанбул, која изгледа слично на иконската сцена од филмот „Skyfall“ од 2012 година кој пак е 23-тиот филм од серијалот за Џејмс Бонд.

Фотографијата поставена на личниот профил на амбасадорот на Инстаграм го покажува Флејк како трча во костуми и го брка „човек во црно“.

„Тој ме стига. Подобро да го фрлам палтото“, напиша Флејк за фотографијата која ја објави на 26 октомври.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Flake (@jeffflake)


Фотографијата ја објавија сите турските медиуми, а некои медиуми ставија наслов „Амбасадорот го имитира Џејмс Бонд“.

Во изјавата дадена за дневниот весник Хуриет од Амбасадата на САД, се наведува дека „амбасадорот ја направил фотографијата поради неговата почит кон историјата на местото“.

Изградена во 1455 година, Капали чаршија е еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот, со 61 покриена улица и над 4.000 продавници.

Локацијата привлекува помеѓу 250.000 и 400.000 посетители дневно.

Објавата потсети на познатата сцена во Бонд филмот „Skyfall“, во кој тајниот британски агент во служба на кралицата го игра Даниел Крег, а тој трчаше и возеше мотоцикл на покривот на Капали чаршија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот