ФОТО | Актерката Мирјана Карановиќ без шминка: „Не дека не стареам, но не пропаѓам брзо“

Фото: Инстаграм

Додека повеќето дами се трудат да изгледаат што поубаво со шминка и со филери да ги прекријат сите недостатоци, една од најпопуларните актерки во регионот нема никаков проблем со тоа.

„Кога ќе завршам со снимање и ја симнувам шминката“ – напиша Мирјана Карановиќ, која е голем поборник за природен изглед, под фотографијата во бањарка со крпа на глава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mirjana_karanovic (@mirjanakaranovic)

Тоа наиде на поддршка од обожавателите, кои ѝ порачаа дека одлично изгледа без тронка шминка на себе. Инаку, Мирјана води активен живот, редовно оди во вежбалница, напоредно работи на нови серии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mirjana_karanovic (@mirjanakaranovic)


„Не е дека не стареам, но не пропаѓам брзо. Тоа е генетиката, но човек мора да внимава на себе. Триесет години не јадам месо, а петнаесет години не пијам и не пушам“, вели таа и додава дека постојано наоѓа нови работи со кои може да се занимава и да го одржува мозокот активен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот