ФОТО: Адеми е прогласен за играч на натпреварот во триумфот над Челси

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Динамо Загреб започна изненадувачки со триумф на стартот во Лигата на шампионите со домашната победа над Челси на стадионот „Максимир“.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој е капитен на хрватскиот првак го одигра скоро целиот меч и по завршувањето на истиот го доби признанието за играч на натпреварот.

– Направивме навистина добри работи денеска, одигравме квалитетен натпревар, победивме моќен противник и кога требаше да се браниме, одлично се браневме. Секоја чест за играчите, тренерот и сите. Заслужена победа. Газдата ни кажа така и ние намерно им ја препуштивме топката, играа висок пресинг. Добро ги одработивме задачите, има простор да бидеме уште подобри и се надевам дека ќе бидеме и во следните натпревар – рече Адеми по мечот со лондонските „сини“, а пренесува „24сата.хр“.

Следниот меч Динамо ќе го има 14 септември на гостувањето против Милан на „Сан Сиро“.

– Знаеме колку ќе биде тешко, треба и понатаму да се бориме. Прво сакаме да ги освоиме бодовите во Горица (10 септември), а потоа ќе размислуваме за дуелот со Милан – се зборовите на Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот