ФОТО | 17 годишната ќерка е копија на Џулија Робертс: Многу ретка фотографија од близнаците на глумицата!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Дени Модер, сопругот на ѕвездата, објави фотографија од нивните деца – близнаци Хејзел и Финеус, на Инстаграм на нивниот 17-ти роденден.

Џулија Робертс не сака да споделува фотографии од нејзиното семејство, а особено оние на кои се присутни нејзините три деца, близнаците Хејзел и Финеус, родени во 2004 година и Хари, кој пристигна во јуни 2007 година. Но, одвреме-навреме, сопругот на глумицата, Даниел Модер – камерманот со кој ѕвездата се ожени во 2002 година, не го почитува ова правило кое му е наметнато на семејството од 54-годишната актерка.

Така, по повод 17-тиот роденден на близнаците, тато Дени го прекрши правилото – и тоа не е прв пат – објавувајќи фотографија од близнаците, додека се покрај масата и нешто грицкаат. А, она што е впечатливо, покрај убавото лице на двете деца, е сличноста на Хејзел со мајката Џулија Робертс…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот