Фондацијата „Ефето Арте“ додели Награда за кариера во уметноста на Марија Павловска

Награда за кариера во уметноста

Италијанската фондација „Ефето Арте“ ја воспостави наградата за уметничка кариера, која се доделува на уметници за уметничката вредност со која се истакнале низ годините во областа на визуелните уметности на меѓународно ниво. Селектори и куратори на проектот се Салваторе Русо (експерт за уметност на светската сцена на уметност) и Франческо Саверио Русо (историчар на уметност).

Меѓународната Награда за уметност за кариера 2023 беше посветена на новите уметници кои успешно се присутни на меѓународната уметничка сцена повеќе од 20 години. Тоа е признание кое им се доделува на сите оние уметници кои низ годините се истакнале по своето уметничко истражување и по стилската вредност на нивните уметнички дела.

Добивањето на наградата за уметничка кариера значи стекнување важно признание за нечие уметничко патување. Наградата за кариера во уметноста се доделува за делото на уметници чие истражување е достојно да се проучува, цени и валоризира.

Церемонијата на доделувањето на наградата се одржала на 16 септември 2023 година во Казино-театарот во Сан Ремо, во присуство на колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста. Тоа е една од најпрестижните уметнички награди што се доделуваат во срцето на Сан Ремо.

– Благодарна сум на мојот неверојатен тим и семејството, поддршката од Министерството за култура на Северна Македонија (место на раѓање: Македонија), каде што програмата ми помогна да се пријавам за изложби што се одржуваат во странство, а моите проекти беа поддржани уште од почетокот на мојата кариера во 1999-2000 година. Благодарна сум и на неверојатните куратори, колегите кои ми даваа поддршката и исклучителното раководство на „Mana Contemporary“, САД, каде што е моето студио повеќе од една деценија, продуцирајќи ги моите најнови проекти и уметнички дела кои патуваа и беа изложувани на меѓународно ниво – истакнала уметницата Марија Павловска.

Марија Павловска е современа уметница во подем, активна во првата половина на 21 век со две и пол децении континуирано присуство на европската современа уметничка сцена и активно присуство на меѓународно ниво во САД и Азија. Од Скопје до Љубљана, Белград, Виена, Берлин, Париз, Њујорк, Манила, Мајами, Венеција и Фиренца, носечките теми на нејзината уметност се поларизација и глобализам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот