Филипче: Земјава е соочена со посилен бран на Ковид-19 од првиот поради непочитувањето на мерките

Сега кога се враќаме во нормалните животни активности, потребно е секој од нас да даде колку што може повеќе за да ја надминеме оваа состојба – рече Филипче.

Во изминатите неколку дена имавме интензивни разговори за коронавирусот со доктор Фабио Скано од Светската здравствена организација. Разговаравме за досегашното искуство, мерките и следните чекори за справување со епидемијата. СЗО е наш голем партнер, а нивниот претставник во земјава ни дава голема поддршка. Освен препораките и донациите кои ги добиваме од СЗО, добиваме и пофални зборови за активностите на нашиот медицински персонал, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека нашата земја е соочена со посилен бран од првиот поради низата непочитувања на мерките за заштита од страна на граѓаните.

– Сега кога се враќаме во нормалните животни активности, потребно е секој од нас да даде колку што може повеќе за да ја надминеме оваа состојба – рече Филипче.

Скано пак истакна дека тоа што се гледа е загрижувачко, а вирусот нема наскоро да исчезне, туку тој уште извесен период ќе е присутен во нашите животи.

– Целта ми е да ги видам мерките кои се преземаат овде. Одговорот од страна на владата беше силен и навреме, и импресиониран сум од работата на вашите лекари. Повторното зголемување на случаевите е нешто што може да се изменаџира. И препорачуваме на Владата да ги следите сите состојби и секој случај да биде изолиран и тестиран, а ако е потребно и ставен во карантин – рече Скано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот