Филипче: Ќе почнеме со изградба на Клинички центар, првиот блок ќе биде готов за четири години

Ги избегнавме лошите сценарија. Сведоци сме како беше во Италија, колони на коли од брза помош не можеа да ги остават пациентите во болница, затоа што немаше место. Ние тоа го избегнавме. Донесовме навремени димензионирани мерки. Го проценивме бројот на пациенти кои што можат да бидат дијагностицирани, ги најдовме кластерите, најдовме кој е причина за инфекција, масовно тестиравме, ги најдовме сите луѓе кои што треба да бидат во изолација и ги ставивме во изолација за да не ја шират инфекцијата, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на денешната трибина на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ со граѓани во Крива Паланка.

Филипче нагласи дека Македонија беше една од првите земји во регионот која заедно со Германија воведе задолжително носење на заштитни маски на лицето како една од трите основни мерки за спрешување на ширењето на коронавирусот.

– Но, најважното во оваа борба е потврдата дека она што го почнавме пред две години, а тоа е инвестиција во здравствениот кадар, во лекарите и медицинските сестри, се покажа како главен мотив за здравствениот систем да стане воздржлив – потенцира Филипче.

Тој пред граѓаните на Крива Паланка вети реновирање на најстарите одделенија и секоја болница и здравствен дом ќе добие енергетски ефикасна зграда.

– Ќе ја започнеме изградбата на клиничкиот центар. Нашите граѓани заслужуваат да имаат модерна болница во која ќе добијат европски здравствени услуги. Се да биде на едно место, да нема чекање, да нема шетање. Првиот блок ќе биде готов за четири години за првите 300 кревети да бидат во функција. Заслужуваме да имаме модерна, светска болница – истакна министерот за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот