Филипче до гласачите на СДСМ: Време е за мислење со ладна глава, се носат историски одлуки
-Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи само подобра иднина и сигурен пат напред – рече Филипче.
Тој порача дека граѓаните бираат помеѓу два суштински различни концепти на овие избори.
-Пред нас се избори на кои граѓаните бираат помеѓу два многу различни концепти. Едниот е нашиот, кој гарантира зачувување на мирот, стабилноста и интегрирање на Македонија во Европа. Нашата порака е јасна и искрена. СДСМ го нуди патот на развојот и сигурноста. Од друга страна е концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој се заснова на дестабилизација, застој, блокади и доведување во прашање на се она што е постигнато. Нивната понуда е неискрена, нејасна и опасна за иднината на земјата – рече Филипче.
Тој дополни дека ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на нивната стратегија чија цел не е напредокот, туку назадувањето, не е мирот, туку конфликтот. Не е градењето пријателства, туку создавање внатрешни и надворешни непријатели, амбиент кој го создава ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа е амбиентот кој ќе биде секојдневие ако победат на изборите. Со ВМРО-ДПМНЕ нема напредок, затоа што едноставно напредокот не им одговара. Затоа што тие не би знаеле да се снајдат во таква ситуација. ВМРО-ДПМНЕ знае да води политика само ако Македонија е во калта, долу. Знаат да пливаат во политиката само ако разговараме за поделби, за етнички конфликти, за лажен патриотизам – рече Филипче.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31сек
-
26мин
-
29мин
-
56мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5