Филипче: Брисевите се апсолутно бесплатни, доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека има симптоми ќе следат санкции

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје 134, Дебар 43, Куманово 17, Штип 8, Прилеп 6, Охрид 3, Велес 3, Кавадарци 2, Тетово 2, Гостивар 1.

Тој додаде дека досега има 3 излекувани и за жал 3 починати.

– Во однос на бројката на регистрирани сакам да укажам дека нема сомнеж дека не се посделуваат реалните бројки, бидејќи истите ги споделуваме со СЗО. Тука нема простор за манипулација, вели Филипче.

На Клиниката за Инфективни болести се хоспитализирани 41 пациент, 7 се во потешка состојба, но респираторно независни.

– Во Заводот за рехабилитација во Козле се уште трае анализата земени се материјалите на 18 вработени. Потоа ќе се направи план за функционирање, а од понедленик може да работи само амбулантскиот дел, но се уште не се готови анализите, вели Филипче.

Министерот додаде дека имавло случај на Клиниката за кардиологија, член на резервниот тим кој на работа пројавил симптоми. Доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека има симптоми ќе следат санкции.

Филипче рече и дека денес се поделија маски на матичните доктори и дека добивме платнени и хируршки маски, имајќи ги во предвид нивните барања и потреби.

– Имаше информации вчера и денес за цените на тестовите. Го коментиравме документот за тестовите кој е порегуларна пазарна цена. Тоа не е цена по која се набавуваат тестовите, туку цена по која ФЗО ги откупува услугите кон Институтот за јавно здравје. Притоа, тука постои специфична технологија на пресметка која не се калкулира само потрошниот материјал, туку вработените и нивните плати. Колку за споредба, истиот систем е на клиника за кардиологија каде не се плаќа само стенд туку целокупен пакет за третман на пациент за одредена дијагноза. Тие цени се поставени одамна. Брисевите се апсолутно бесплатни, никој не платил за правење ваков тест, вели Филипче.

Во текот на следната недела се очекува поставување мобилна болница на просторот до Инфективна. Тука ќе бидат поставени објекти во кои ќе се сместат близу 130 кревети со соодветни тоалети и ходници преку кои ќе се комуницира со самата клиника.

– Во овој момент е добро што имме линеарно зголемување на случаите, но спремни сме да прифатиме и да има раст. Целосно се мобилизирани здравствените работници и капацитетите. Ние сме целосно во ситуација да се амортизира приемот на пациенти, терапијата е веќе аплицирана кај кои е индицирана согласно анализите, рече министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот