ФИФА со сериозна опомена за Бразил и бразилскиот фудбал

фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

ФИФА ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можни санкции, вклучително и суспензија од меѓународните натпреварувања, поради потенцијално мешање во изборот на новиот шеф на организацијата, пренесува АП.

Идните претседателски избори во рамките на Фудбалската конфедерација на Бразил, кои ќе се одржат во јануари, будно ќе ги следат претставници на ФИФА и КОНМЕБОЛ, а во случај на нерегуларности оваа организација може да сноси значителни последици.

Светската фудбалска организација е загрижена дека државниот врв преку политика би можел да се вмеша во изборите за нов претседател на националната конфедерација, што е строго забрането и затоа ќе биде испратена посебна комисија во Бразил да ги следи изборите.

Тие ќе пристигнат во Рио де Жанеиро на 8 јануари 2024 година, со цел да го придружуваат целиот процес на избор на новиот прв човек на бразилскиот фудбал.

За потсетување, претходниот претседател Едналдо Родригес беше сменет од таа функција на почетокот на декември на барање на Судот на правдата, но бидејќи ФИФА не дозволува политиката да се меша во работата на федерацијата, постои можност репрезентацијата на Бразил, како и сите клубови, ќе бидат исфрлени од меѓународната сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот