ФИФА негира воведување на син картон во фудбалот

фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Светската фудбалска куќа (ФИФА) на своите социјални мрежи објави за можното воведување на синиот картон во фудбалот.

– ФИФА сака да го разјасни прашањето за таканаречениот син картон. Не е точно дека планираме да го воведеме на елитното фудбалско ниво и сите извештаи за тоа се предвремени. Секое тестирање, доколку се воведе, ќе биде ограничено на тестирање на пониски нивоа. Оваа тема повторно ќе ја отвориме на 2 март.

Да потсетиме, „Телеграф“ вчера напиша дека наскоро во фудбалот може да се воведе син картон.

Овој картон би го покажал судијата доколку мисли дека играчот направил прекршок кој треба да ја напушти играта, но не до самиот крај на играта. Со синиот картон играчот би бил отстранет од игра на 10 минути.

ИФАБ, клучното тело за донесување правила и признавање на фудбалот, работи на овој проект веќе некое време.

Ова е прв пат некој да добие информација дека синиот картон е блиску до реализација во професионалниот фудбал.

Ова правило нема веднаш да се примени во најсилните лиги во светот, туку би тргнало од најниските рангови, а судиите би се едуцирале за новите услови.

Фудбалот ќе се менува: Наскоро се воведува син картон?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот