ФИФА ќе ја исфрли Русија од квалификациите за Светското првенство во Катар?

фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е на чекор од донесување одлука да ја исфрли Русија од завршните квалификации за Светското првенство во Катар, пренесува новинарот на Би-Би-Су, Ден Роан.Наводно, ФИФА одлуката и официјално треба да ја потврди до крајот ја денешниот ден.

Ваквиот потег на ФИФА, доаѓа неколку часа по апелот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) до меѓународните федерации и организаторите на меѓународни натпреварувања, да ги исфрлат руските и белоруските спортисти и репрезентации поради воената инвазија на Русија на Украина.

Русија во март треба игра бараж натпревари за пласман на Мундијалот во Катар. На 24 март треба да игра против Полска, а победникот од тој натпревар, во финалето на баражот пет дена подоцна ќе игра со подобриот од дуелот Шведска – Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот