ФИБА: Американците главни фаворити на Мундобаскет 2023, следуваат Франција и Австралија

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави новата ранг листа на репрезентации пред почетокот на Светското првенство.

ФИБА ја формираше листата врз основа на рангирањето, претходните успеси, со посебно внимание на последните промени во составите и резултатите во контролните натпревари.

Листата очекувано ја предводат САД, пред Франција и Австралија, следуваат Словенија и Германија, додека актуелниот светски шампион Шпанија е шести фаворит.

Потсетување дека финалистот од минатиот Мундобаскет, Аргентина по пауза од четири децении не е дел од светскиот собир.

Светското првенство е закажано од 25 август до 10 септември, а ќе се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот