Ферстапен: Имавме среќа бидејќи на Ферари му откажаа двата болида

Макс Ферстапен во Баку дојде до 25 победа во кариерата/фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен кој триумфираше на трката за Големата награда на Азербејџан е задоволен како од победата така и од перформансите на болидот.

– Никогаш не можете да го надоместите тоа што сте го загубиле минатата година кога ми откажа болиот, но денеска имавме неверојатно темпо и единствена работа што трбапе да на направиме беше да ги зачуваме пневматиците – изјави Ферстапен.

Холанѓанецот денеска дојде до 25-та победа во кариерата и ја зголеми предноста во генералниот пласман кај возачите бидејќи двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс, не ја завршија трката поради проблеми со болидите. Во моментот кога се откажа во 21 круг, Леклер беше лидер во трката. Ферстапен има 150 бода, 129 има Перез, додека Леклер остана на 116 освоени бодови.

– Имавме и малку среќа поради откажувањето на Шарл и Карлос, но нашиот болид денес исто така беше многу брз. Генерално, сум задоволен од тоа како изгледаше и се однесуваше болидот на трката – рече Ферстапен.

Одличниот викенд за Ред Бул го комплетира Серхио Перез кој го освои второто место во Баку.
Кај трет трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес чиј болид почна да покажува знаци на живот.

Но, Расел смета дека болидите на Мерцедес се уште имаат проблеми со перформансите и е можат да се тркаат Ред Бул и Ферари, туку целта е да се собираат бодови.

– Не е лесно годинава да се носиме со сите проблеми што ги имаме посебно со потскокнувањето на болидот. Затоа мило ми е што го освоив второто место – изјави Расел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот