Фејсбук спречија руски хакери кои работат против американските избори кои ќе се одржат во 2020 година

Фото: Профимедиа

Фејсбук ги заостри своите безбедносни мерки пред американските избори во 2020 година, со што спречи нов руски обид за манипулирање на јавноста вперен против демократските кандидати како Џо Бајден.

Најактуелната социјална мрежа вчера соопшти дека спречила четири кампањи, кои ги воделе луѓе кои се претставувале како корисници на Фејсбук и Инстаграм, а ги воделе хакерски групи од Иран и Русија.

– Една руска група споделуваше објави преку лажни профили кои требаше да претставуваат најразлични политички струи, а се занимаваа со теми како американските избори, расните тензии, ЛГБТ заедниците, конзервативците и либерализмот – рекол Натаниел Глеичер, кој во Фејсбук е задолжен за информатичка безбедност.

Компанијата Графика, која се занимава со анализа на социјални мрежи, откри руски профили од кои се вршеле напади врз некои американски кандидати за претседателските избори.

– На многу профили се објавуваа видеа на кои се пееше за Берни Сандерс и Доналд Трамп – стои во соопштението на Графика.

Ќе се бришат објавите чија цел е да ги одвратат гласачите да излезат на избори

– Сигурен сум дека сега сме многу подобро подготвени. Но, знам и дека поголемиот број на земји се способни да ги изведат сите софистицирани напади и дека тоа ќе се обидат да го прават и во иднина – рече сопственикот на Фејсбук, Мајк Закерберг.

Помеѓу новите мерки за подобрување на заштитата на социјалните мрежи, Закерберг планира и да ги предупреди корисниците на пораки кои доаѓаат од медиуми кои се финансиски и уредувачки под надѕор на некои држави.

Фесбук одлучи да ги заштити политичките кандидати од евентуални обиди за хакирање на нивните профили.

Некои манипулациски операции за време на изборите во 2016 година кои најмногу беа водени од Русија, се најголемата причина за воведување на цела низа на мерки кои постепено се воведуваа од 2018 година, во борбата против лажните дезинформации и вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот