Фејсбук без цензура: Ќе останат објавите за настанувањето на коронавирусот во лабораторија

Foto: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Компанијата Фејсбук повеќе нема да ги отстранува објавите во кои се тврди дека коронавирусот е направен во лабораторија и тоа во моментот кога повторно оживеа дебатата за потеклото на вирусот.

-Во светло на актуелните истраги за потеклото на ковид-19 и во консултација со експертите за јавно здравје, повеќе нема да ги отстрануваме од нашите апликации тврдењата дека ковид -19 го создал човек, наведе портпаролката на Фејсбук во соопштението кое го пренесува Ројтерс.

Промената на правилата на оваа социјална мрежа следи во време кога американскиот претседател Џо Бајден објави дека им наредил на своите помошници да најдат одговори за потеклото на коронавирусот.

ВИДЕО: Теориите за побегнатиот вирус од Вухан се вратија во игра, Бајден ги повика разузнавачките служби да истражат

Главниот уредник на „Билд“ упати порака кон Си Џинпинг: Вашиот најголем извозен хит е коронавирусот (ВИДЕО)

Трамп за потеклото на коронавирусот: Некој бил глуп

Повторно се отвара прашањето: Дали коронавирусот „избегал“ од најнапредната кинеска лабораторија, која се наоѓа во Вухан?

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот