ФДА одобри итен третман на Ковид-19 со антитела

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри итниот третман на Ковид-19 со антитела, што е дел од терапијата што ја доби и претседателот Доналд Трамп.

Третманот со антитела произведен од фармацевтската компанија „Реџенерон” се користи кај лесна до умерена клиничка слика на пациенти со Ковид, возрасни и стари лица и некои деца кои се изложени на ризик од влошување на нивната состојба, наведува Гласот на Америка.

Компанијата соопшти дека очекува лекот да биде готов за околу 200.000 пациенти до крајот на јануари.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер” и нејзиниот германски партнер „Бионтек” соопштија дека поднеле барање за итно одобрување од Агенцијата за храна и лекови за дистрибуција на вакцината и најавија дека ќе започнат со дистрибуција веднаш штом ќе ја добијат.

Компаниите соопштија дека нивната вакцина е ефикасна во 95 проценти од случаите и дека нема сериозни грижи за нејзината безбедност.

Американскиот секретар за здравство Алекс Ејзар рече дека Агенцијата за храна и лекови може да одобри итна дистрибуција на вакцината во следните недели.

Во исто време, Универзитетот Џонс Хопкинс објави дека 12 милиони луѓе во САД биле заразени со коронавирус.

– Време е да ги повикаме сите Американци да бидат повнимателни, рече Дебра Брикс, член на работната група на Белата куќа за коронавирус.

Извор.МИА

Прочитајте и...  Поради штрајк граничниот премин Евзони утре ќе биде затворен за сообраќај

Поврзани вести

ВИДЕО: На тајна венчавка се собрале 7.000 луѓе без маски

И.И.

Ахмети: Нема загриженост дека Меџити може да поднесе интерпелација против Груби и Османи

Слободен печат

Претседателот ја губи поддршката за правната битка

Срѓан Ивановиќ

ЕУ го повикува Бајден да ги нормализира односите меѓу Вашингтон и Брисел

Слободен печат

Никоја земја не признава врски со хакери, a тие крадат тајни за вакцините

Слободен печат

ВИДЕО I Забава се претвори во трагедија: Свлечиште уништи ноќен клуб, при што загинаа најмалку седум лица!

И.И.

Остави Коментар