Фабриката за електрични автомобили никогаш не проработи, за експертите ова било невозможна мисија

фото: ТИРЗ

Во Тетово требаше да има фабрика за производство на електрични возила на „Е-гоу“, но од тоа се уште нема ништо. За таа инвестиција беа одобрени милионски субвенции, но и покрај тоа, упатените се децидни дека во Македонија тешко, па дури и невозможно е да се произведуваат автомобили.

Според претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо е нејасно зошто никој од компанијата официјално не дошол да го објасни целиот процес,  на кој начин ќе се произведува школката на возилото, дали таа ќе биде метална, од карбонски влакна или некој друг вид на композити итн…

„Од каде ќе доаѓаат батериите, електромоторите, што точно и на кој начин ќе се составува овде и каде ќе се произведуваат возилата. За тоа треба да има поврзаност со железница, дали до пристаниште па потоа со бродски транспорт или со железница директно до некои централни транспортни хабови од каде со друг транспорт ќе се пренесат до крајните потрошувачи, сметам дека тоа е неопходно. Во нашиов случај беше избрана зоната во Тетово, но таа директно нема пристап до железница“, изјави Мизо во поткастот „Каде се парите“.

Мизо потенцира дека внатре во фабриката мора да има начин како возилата кога ќе бидат тестирани, склопени но и фабриката да биде многу блиску, за да може автомобилите директно да се товарат на транспортни железнички вагони.

„Дополнително нешто што мене ми претставуваше сомнеж од моментот кога беше најавена во август 2022 година е тоа што поминаа речиси 18 месеци од најавата и кога знаете колкав капитал вложувате, сакате и брзо да се реализира. Дополнително возилото кое беше иницијално претставено, гледаме дека не само во Кина, туку и во Европа е по цена од 10-12 илјади долари. Така да брзината на одобрување на сите оние перформанси и намалување на цената на електричните возила  посебно за такви мини возила, е толку брза во Кина што е тешко да може некој да ве увери дали во тој сегментможе да се биде конкурентен на Азија“, рече Мизо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот