ФА Куп: Алиоски и Лидс елиминирани од четвртолигаш

Фаворитите Манчестер сити и Челси остварија лесни триумфи во третото коло во најстарото фудбалско натпреварување во Англија.

Екипата на Кроули го направи најголемото изненадување во третото коло од ФА купот елиминирајќи го тимот на Лидс со 3:0. Тренерот на Лидс, Марсело Биелса ги промеша картите и тоа му се одби од глава против четвртолигашот Кроули.

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски ги одигра сите 90. минути за Лидс кој трите гола ги прими во второто полувреме. Царулиа во 50. минута го отвори резултатот, а само три минути подоцна Надесан зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Таниклиф во 70. минута.

Манчестер сити со 3:0 го совлада Бирмингем и ги продолжува настапите во ФА Купот. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола излезе со силен тим тоа вроди со плод уште на почетокот од натпреварот. Веќе во осмата минута беше 1:0 благодарение на Бернардо Силва, а истиот играч во 15. минута го зголеми водството. Конечниот резултат го постави Фил Фоден во 33. минута.
Поубедлив триумф оствари Челси кој со 4:0 го совлада Морекамб. Маунт и Вернер погодија во првиот дел, а Хадсон-Одои и Хаверц беа прецизни во второто полувреме.

Резултати:
Барнсли – Транмере 2:0
Бристол сити – Портсмут 2:1
Челси – Морекамб 4:0
Кроули – Лидс 3:0
Манчестер сити – Бирмингем 3:0
Челтенам – Мансфилд 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот