Еврото го допре историскиот минимум во размена со албанскиот лек

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Заедничката европска валута, еврото, го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот.

„Денеска едно евро се заменуваше за 107,4 леки, што е пад од 10 отсто од вредноста во период од една година. Во последните неколку месеци еврото загуби 3,5 отсто од вредноста во однос на лекот, а тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи“, јави Топ чанел.

Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека купувањата на имот од странски државјани лани достигнало највисоко историско ниво, достигнувајќи вредност од 291 милион евра, со годишен раст од 52 отсто. Според банката купувањето имот од странски државјани ја зголемува понудата на европската валута во земјава, што влијае на нејзината девалвација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот