Европските рафинерии имаат повеќе нафта отколку што им е потребно

Рафинеријата Швед во Германија/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Се чини дека европските рафинерии сега имаат повеќе сурова нафта отколку што им е потребно, додека раната паника за намалениот извоз на руска нафта и последователниот недостиг на нафта во светот, се покажа како преголема, пишува специјализираниот портал Оилпрајс.ком.

Трговците со сурова нафта ја посочија способноста на Европа да набавува сурова нафта од Латинска Америка, Блискиот Исток и САД како главна причина поради која европските рафинерии беа олеснети.

Азија, исто така, купи помалку сурова нафта отколку што предвидуваа аналитичарите, благодарение на бескрајната борба на Кина да ја достигне неостварливата цел за нулта ковид.

Еден европски трговец со сурова нафта изјави за Ројтерс дека европските рафинерии „по се изгледа набавиле премногу нафта во ноември и декември, веројатно поради стравувањата за руската нафта“.

Трговците и рафинериите го засилија купувањето ова лето, предвидувајќи недостиг што произлегува од европската забрана за увоз на руска сурова нафта. Таа забрана треба да стапи на сила на 5 декември.

Дотогаш, Европа веројатно нема да има никакви проблеми да добие доволно сурова нафта. Сепак, приказната по 5 декември би можела да биде поинаква, пишува Оилпрајс.ком, објави порталот Кликс. ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот