Европските народњаци на приватен состанок во Атина

Главните политички прашања за партијата пред важните национални избори во 2023 година и европските избори во 2024 година, според Европската народна партија (ЕПП), ќе бидат во фокусот на приватниот дводневен состанок во Атина на 20 шефови на држави и влади, опозициски лидери, како и лидери на институциите на ЕУ од ЕПП.

Затворениот состанок на ЕПП е закажан за денеска и утре во приморско предградие во јужниот дел на Атина.

Состанокот, со кој ќе претседава претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, ќе им даде можност на учесниците да се осврнат на главните политички прашања за партијата пред важните национални избори во 2023 година и европските избори во 2024 година. Дополнително, учесниците ќе можат, во приватен амбиент, да се осврнат на иднината на европското економско управување, одбраната и безбедноста, како и други политички и институционални прашања, соопштија од Европската народна партија.

Присутен ќе биде и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, на состанокот што е по иницијатива на претседателот на ЕПП, Манфред Вебер и на генералниот секретар на партијата Танасис Баколас, меѓу другите, ќе учествуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, поранешниот претседател на Европскиот совет и на ЕПП Доналд Туск, претседателите на Романија и Кипар, премиерите на Хрватска и Словачка, како и австрискиот канцелар и италијанскиот министер за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот