Европска комисија: Нема докази дека хидроксихлорин е ефикасен против Ковид-19

Трамп претходно изјави дека лекот против маларија, хидроксихлорин може да биде меѓу „најголемите пронајдоци во историјата”, поради неговиот ефект врз Ковид-19.

Европската комисија денеска соопшти дека нема докази оти лекот за кој американскиот претседател Доналд Трамп зборувал за Ковид-19 е ефикасен против болеста предизвикани од новиот коронавирус.

Трамп претходно изјави дека лекот против маларија, хидроксихлорин може да биде меѓу „најголемите пронајдоци во историјата”, поради неговиот ефект врз Ковид-19.

– Ефикасноста на хидроксихлоринот во третманот на пациенти со Ковид-19 не е докажана до денес, рече портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека нема докази ниту дека хлорокин,што  исто така се користи за лекување на маларија, е тестиран за лекување на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот