Европратеникот Витанов: Ќе бидеме изолирани ако ја сопнуваме Македонија кон ЕУ

Европратеникот од редовите на Бугарската социјалистичка партија, Петар Витанов, за телевизијата БСТВ, изрази надеж дека до одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, кој е презакажан за 17 ноември, ќе се најде пресечна точка и компромис меѓу Скопје и Софија. 

– Во месец март ние се согласивме да започнат преговорите за членство со Европската унија и тогаш ништо не се зборуваше за неисполнување на Договорот, вели Витанов.

Европратеникот додава дека би можело да се изнајде решение преку правнообврзувачки механизам, со кој Бугарија ќе може да го заштити својот интегритет и да даде зелено светло за почеток на преговорите.

– Европската интеграција на Република Северна Македонија не може да се случи на сметка на историската вистина и со фалсификување на минатото. Но и ние ризикуваме да паднеме во изолација ако поставуваме сопки на Македонија по патот кон ЕУ, заклучи Витанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот