Евакуација на 1,3 милиони луѓе поради обилни дождови во Јапонија

На повеќе од 1,3 милиони жители на јужниот јапонски остров Кјушу денеска им било кажано да ги напуштат своите домови поради обилниот дожд што ја зафати областа.

Во меѓувреме, бројот на загинати во свлечишта предизвикани од дождот се зголеми на 50, соопштија локалните власти.

Јапонската метеоролошка агенција вчера издаде предупредување за вонредни состојби предизвикани од дожд за префектурите Сага, Нагасаки и Фукуока на Кјушу, повикувајќи ги жителите да бидат во состојба на „максимална тревога”.

Агенцијата денеска ја укина вонредната состојба малку пред пладне, но предупреди на поплави, лизгање на земјиште и надојдени реки низ цела Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот