Евакуација во Алјаска поради огромна лавина

EPA-EFE/LIEBL DANIEL

Евакуација е наредена за жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска, откако огромна лавина го затрупа патот. Се очекуваат и други лавини.

Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон во текот на вчерашниот ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните” во подрачјето на реката Игл, на периферијата на градот.

Лавината се спуштила ноќта во четвртокот, покривајќи го главниот пат со снег висок до 24 метри. Отсечени се околу 100 домаќинства, некои останаа и без струја.

– Станува збор за огромна лавина. Експерти ја опишаа како нешто што се случува еднаш во сто години, појасни менаџерката на општината Енкориџ, Ејми Дембоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот