Еурофарм Пелистер со убедлив триумф против Мулти Есенс им се врати на победите

Фото: РК Еурофарм Пелистер

По поразот во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер се врати на победите со убедлив триумф против Мулти Есенс (40:22).

Во рамките од второто коло во македонската ракометна Суперлига, Мулти Есенс немаше сили да се спротистави на фаворитот во овој дуел. Победникот беше најавен уште во почетните минути, а на паузата битолскиот состав водеше со 20:11.

Слична беше сликата на теренот и во вториот дел, па затоа и вторите 30 минути завршија со идентичен резултат.

Во редовите на Еурофарм Пелистер, најефикасен беше Костески со девет постигнати голови, Васиљев додаде шест. На спротивната страна Костовски и Узунчев постигнаа по пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот