Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога против Струга, важни бодови за Тиквеш

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Актуелниот шампион во македонската ракометна Суперлига Еурофарм Пелистер ја продолжува победничката серија во плеј-офот.

Денеска битолската екипа ја оправда фаворитската улога славејќи против составот на Струга со конечен резултат 34:23.

Најзаслужни за триумфот на тимот на Бранислав Ангеловски беа Василев со шест и Цехте со пет голови.

Се одигра уште еден меч во кој Тиквеш триумфираше над Тинекс Пролет во Скопје со 26:23 најмногу благодарение на Манасков кој реализираше осум голови.

На табелата води Еурофарм Пелистер со 20 бодови, пред Охрид кој има 14, еден повеќе од Тиквеш на третата позиција. Вардар е на четвртото место со 12, колку што има и петтопласираниот Алкалоид. Следуваат Бутел Скопје (4), Тинекс Пролет (3) и Струга без ниту еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот