Eурофарм Пелистер го прегази Алкалоид и направи голем чекор кон титулата

Фото: RK Eurofarm Pelister

Eкипата на Еурофарм Пелистер славеше убедлива победа во денешното дерби на гости кај Алкалоид со 35:25 и со овој триумф битолскиот состав направи крупен чекор кон одбрана на шампионската титула.

Битолчани одиграа одличен натпревар и сега имаат отворен пат кон титулата во Суперлигата, потребно е само да не кикснат до крајот на сезоната. Пелистер беше подобар тим од самиот почеток до крајот на средбата. Уште во текот на првиот дел имаше предност од шест разлика (15:9), а до паузата Алкалоид намали на 16:12.

Вториот дел Алкалоид добро го започна и дојде до само два негатива, но Пелистер брзо излезе од кратката криза и благодарение на одбраните на Лесјак повторно дојде до сигурна предност. На крајот славеше со десет разлика.

Најефикасен на натпреварот беше Цехте со 12 голови, а Кузмановски и Пешевски постигнаа по четири. Во редовите на Алкалоид Серафимов и Дамјан Митев имаа по шест.

На табелата Пелистер сега има пет бода предност во однос на Вардар и го има тој луксуз да си дозволи пораз во дербито во вторник во „Јане Сандански“ бидејќи и така би останал лидер.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Охрид славеше на гости кај Тиквеш со 22:25. Претходно денес победи забележаа Вардар против Бутел (30:21) и Тинекс Пролет на гости кај Струга (22:24).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот