ЕУ постигна договор за финансиска помош за земјоделците од 387 милијарди евра во следните седум години

Земјоделци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI .

Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент се согласија за голема реформа на огромните земјоделски субвенции на Унијата, предизвикувајќи загриженост кај невладините организации кои велат дека таа не е доволно зелена.

„Со денешниот договор почнува вистинската промена кон позелена и поправедна Заедничка земјоделска политика (ЗЗП)”, напиша на Твитер потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

„Не е совршена, но, сепак, таа е голем чекор во вистинската насока”, додаде тој.

До договор доаѓа по неколкуте рунди неуспешни разговори за еколошката криза. Него во понеделник треба да го потпишат министрите за земјоделство на ЕУ.

Предвидените износи за ЗЗП се огромни и достигнуваат до 387 милијарди евра во следните седум години – што е третина од вкупниот минатогодишен буџет на ЕУ – од кои 270 милијарди евра се директна помош за европските земјоделци.

Земјите-членки на ЕУ ја одобрија реформата на ЗЗП во октомври, но мораа да се договорат со европратениците за сите детали.

-Сакавме да постигнеме рамнотежа меѓу економскиот развој на фармите и неопходната заштита на животната средина и климата, рече Ана Сандер, француска европратеничка од политичкиот центар, која беше клучен играч во договорот. „Некои луѓе понекогаш го занемаруваат фактот дека без приходи од фармите нема да има отпорност и на животната средина и климата”, додаде таа.

Договорот беше постигнат по долго одложување во однос на загриженоста, особено во врска со специјалните премии доделени на земјоделците кои прифаќаат практики кои се смета за  еколошки позидржливи. Европратениците првично ги повикаа да земат најмалку 30 проценти од директните плаќања на земјоделците, додека земјите-членки побараа праг од 20 отсто праг. На крајот, договорот предвиде просечно 25 отсто годишно плаќање во текот на седумгодишниот период на ЗЗП, со можност за постепено воведување на новиот систем.

Европратениците и преговарачите од земјите-членки, исто така, се согласија да ги казнат земјоделците кои не ги почитуваат работничките права, со ризик за намалување на плаќањата во случај на прекршувања на правата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот