ЕУ го отвори повикот за толкувачи со македонски јазик

Бојан Маричиќ
Фото: Архива на „Слободен печат“

Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот за толкувачи со македонски јазик, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ

“Македонскиот јазик во ЕУ. Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот и организираат тестирања за акредитација на конференциски толкувачи со македонски јазик (МК) како А-јазик. Краен рок за поднесување онлајн апликациии е 19.01.2024“, објави Маричиќ на својата Фејсбук страница.

Тој ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи „да се пријават и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европската Унија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот