ЕУ го одобри првиот Закон за регулирање на вештачката интелегенција

Вештачка интелегенција / Фото: Илустрација

Земјите-членки на ЕУ денеска, по интензивните преговори, одобрија закон за регулирање на вештачката интелигенција, соопшти белгиското претседателство со Советот на ЕУ, информира МИА.

Амбасадорите на 27-те членки на ЕУ на денешната средба едногласно го потврдија политичкиот договор постигнат во декември меѓу земјите и европратениците, објави белгиското претседателство на „Х“.

Некои земји, вклучително и Франција и Германија, покренаа прашања за загриженост кои беа земени предвид пред да се финализира текстот, наведоа дипломатски извори.

-Овој закон за вештачка интелигенција е важен чекор за воспоставување на првите правила на планетата за вештачка интелигенција, што ќе ја направи побезбедна и ќе ги почитува основните права на ЕУ, потврди белгиското претседателство.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон ја поздрави историската и прва од ваков вид регулатива ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот