ЕУ: Бројот на илегални преминувања зголемен за речиси 70 отсто во првите четири месеци од годината

Фото: МИА

Во периодот од јануари до април значително повеќе мигранти се обиделе илегално да влезат во ЕУ отколку во истиот период минатата година, покажуваат официјалните податоци, пренесува ДПА.

Регистрирани се вкупно 57 800 вакви случаи, соопшти денеска Агенцијата за заштита на границите Фронтекс. Тој број е за 69 отсто поголем отколку во првите четири месеци од 2021 година.

Во оваа статистика не се вбројуваат воените бегалци од Украина кои влегуваат во ЕУ, нагласува Фронтекс.

Речиси половина од сите илегални гранични преминувања (27 172) се забележани на трасата преку Западен Балкан – зголемување за 130 отсто во споредба со истиот период минатата година. Повеќето имигранти дошле од Сирија и Авганистан.

Повеќе гранични преминувања имало и на трасата преку источниот Медитеран – односно преку Турција кон Грција и Кипар. Фронтекс регистрирал 9109 вакви обиди, што претставува зголемување од 86 проценти. Околу половина од овие илегални преминувања биле обиди за влез на Кипар. Повеќето мигранти дошле од Сирија, Нигерија и Конго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот