Ердоган: Сегашната насока во односите со САД не ветува

Реџеп Тајип Ердоган и Џозеф Бајден / Фото: Колаж

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека врските на Турција со САД не се добри и дека Вашингтон мора да ги „поправи” работите околу тоа што Анкара купила руски одбранбени системи С-400, објави телевизијата Хабертурк.

Врските меѓу НАТО сојузниците паднаа на најниско ниво претходно оваа година, кога Вашингтон воведе санкции против турската воена индустрија поради купување на руски одбранбени системи С-400.

Како што наведуваат западните медиуми, Вашингтон ја исфрли Анкара од својата авионска програма Ф-35, каде што таа беше купувач и производител.

– Не можам да кажам дека се одвива здрав процес во турско-американските односи. Купивме Ф-35, плативме 1,4 милијарди долари, а тие авиони не ни беа предадени. САД мора прво да го решат тоа, истакна Ердоган пред новинарите по учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Турскиот претседател нагласи дека Анкара ќе ги задоволи своите одбранбени потреби на други места доколку Вашингтон не помогне.

– Двете земји треба да соработуваат како пријатели, но моментната ситуација не ветува, изјави Ердоган, додавајќи дека американскиот претседател Џо Бајден „не почнал добро”

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот