Емотивно со Викторија Давидова: По комата, живеам втор живот благодарение на мотото – Можам, морам и ќе успеам!

Фото: Приватна архива

Животот понекогаш може да биде непредвидлив и да ве исфрли настрана од патот. Тие моменти за некого можат да бидат погубни, за некого нова пресвртница. Затоа ве запознаваме со Викторија Давидова, која има навистина инспиративна животна приказна.

– На 13 годишна возраст доживеав тешка сообраќајна несреќа. Бев 3 месеци во кома, кога ги отворив очите во болница, околу мене беше моето семејство, мојата најголема подршка. Бев долго време во количка, но благодарение на мојата упорност и физикална терапија успеав да станам – раскажува Викторија.

Токму пред нејзината полуматура, се здобила со тешки повреди. Но не се откажала, успеала да стане од количка и повторно да оди.

– Секој чекор во животот е борба, никогаш не смееме да се откажеме. Ако паднеме пак ќе станеме.

По 3 месеци поминати во кома Викторија, по будењето го загубила своето минато и сеќавања. Не ги препознавала ниту најблиските.

– Со слики, раскажување и разговори со моите родители и мојот брат успеав да се сетам која сум и каде припаѓам. Си го вратив животот назад. Се борев и успеав – вели Викторија.

Животот ѝ се променил комплетно, почнала повторно да учи за себе, но и за животот.

– Бев одлична ученичка и првенец на генерација. Тренирав кошарка и бев добра во тоа. Ме одбраа да играм за репрезентација. На мои 9 години бев и во Златибор да играм.

Упорноста, желбата за живот и подршката од најблиските за Викторија значеле многу за таа да се избори за својот живот…

Целиот текст, видеото и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот