Емил Рајковиќ, тренерот на ЦСКА Москва: Не плачам, туку барам начин да ги победиме УНИКС Казан и Зенит

foto facebook CSKA Basketball

ЦСКА Москва не успеа да се засили значително за претстојната сезона во ВТБ лигата и може да има подредена улога во однос на ривалите УНИКС Казан и Зенит Санкт Петербург.

ЦСКА Москва предводена од македонскиот тренер Емил Рајковиќ на клупата ги започна подготовките за идната сезона во ВТБ лигата, во која армејците овојпат нема да бидат фаворити за титулата како лани, туку ќе имаат два големи ривали, УНИСК Казан и Зенит Санкт Петербург.

ЦСКА Москва го изгуби двајцата главни играчи од минатата сезона бекот Алексеј Швед и центарот Никола Милутинов, а не најде достојни замени за нив, главно поради намалениот буџет. Затоа играта ќе мора да ја гради повеќе на дефанзивна стратегија и одбрана.

Минатата сезона ЦСКА Москва беше главен фаворит за титулата, но, не успеа да ја освои, а со неа се закити УНИКС Казан, тимот во кој игра Ненад Димитријевиќ, додека втор беше Локомотив Кубан. Армејците мораа да се задоволат само со третото место иако регуларниот дел го завршија на врвот.

– Влијанието на намалениот буџет е тешко да се игнорира. Сакавме, но не можевме да земеме одредени кошаркари, кои ги купија Зенит и УНИКС. Голем проблем. Но, јас не плачам, туку барам начини да ги победам овие тимови оваа сезона. Звучи тешко, но ако работиме напорно, ќе ја постигнеме нашата цел – вели Рајковиќ кому ова ќе му биде втора сезона на клупата на легендарниот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот