Емануел Пети: Ни 20 менаџери не би можеле да ги решат проблемите во Челси

фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Поранешниот фудбалер на Челси, Емануел Пети денеска изјави дека ниту 20 менаџери не можат да ги решат проблемите кои владеат во соблекувалната на лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.

Првите луѓе на лондонскиот клуб инвестираа повеќе од 600 милиони евра во нови играчи во летниот и зимскиот преоден рок, но тоа не донесе резултати и моментно на табелата екипата е дури на 12 место во Премиер лигата.

„Сините“ немаат победа во последните девет натпревари и е поразен во последните шест мечеви. Пети не смета дека проблемот е во актуелниот менаџер на Челси, Френк Лампард, кој пред еден месец седна на клупата.

– Бев доста блиску до соблекувалната на Челси и ги видов играчите како се расправаат. Особено во вториот дел од натпреварот. Бев шокиран од нивното однесување во првото полувреме, нивниот говор на телото, недостатокот на гордост, заедништво и пријателство. Помислив дека ситуацијата во тој момент не би ја решиле ниту 20 менаџери – вели Пети.

Синоќа, Челси беше поразен од Арсенал на гостински терен со резултат 3:1 во натпреварот од 34 коло на Премиер лигата.

– Челси прво треба да реши нешто во соблекувалната, па дури потоа да размисли кој ги води играчите. Ги има премногу. Ни најдобриот тренер на светот во овој момент не би можел да го реши тоа. Беше понижувачки да го гледам Челзи. Ми беше жал за навивачите – се зборовите на Пети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот