ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува на температура од -25 до -15 степени за период до две недели

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека транспортот и складирањето на вакцината на „Фајзер“ и „БајонТек“ против ковид-19 ќе може да се одвива на температура од -25 до -15 степени Целзиусови, односно на температури стандардни за фармацевтските фрижидери.

Одобрението е донесено по примерот на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), која во февруари одобри вакцините на „Фајзер“ и „БајонТек“ да се чуваат на повисоки температури од претходно препорачаните.

Во соопштението на ЕМА се истакнува дека тоа ќе ја олесни брзата дистрибуција на вакцини во Европската Унија и ќе ја намали зависноста од складирање на многу ниски температури.

ЕМА наведе дека вакцините на „Фајзер“ и „БајонТек“ ако се складираат подолго од две недели тогаш е потребна температура од -90 до -60 степени Целзиусови, што е можно само во посебни фрижидери.

Претходно, ЕМА одобри нови фабрики за производство на вакцини против ковид-19 во Холандија, во Германија и во Швајцарија, со цел да се унапредат вкупните производствени капацитети и да се забрза имунизацијата во Европа.

Во Лејден, Холандија ќе се отвори нов погон за производство на вакцината „АстраЗенека“, во Марбург, Германија ќе се произведува вакцината на „Фајзер“, додека во Виспа, Швајцарија – „Модерна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот