Елмас и Наполи со бод или минимален пораз до нокаут-фазата во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Наполи/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Денеска ќе се одиграат натпреварите од последното шесто коло во групите „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“ во фудбалската Лига на шампионите.

Во групата „А“ Баерн е прв и е сигурен учесник во нокаут-фазата, а за второто место се борат три екипи. ФК Копенхаген и Галатасарај имаат по пет бодови, а Манчестер јунајтед четири.

Манчестер јунајтед на својот „Олд Трафорд“ мора да оди на победа против Баерн ако сака понатамошен пласман, но и да нема победник на мечот во Данска. На ФК Копенхаген му треба триумф или реми доколку Јунајтед не успее да го победи Баерн, а единствена опција за Галатасарај да остане во ЛШ е победа.

Во групата „Б“ сè е познато Арсенал како прв и ПСВ Ајндховен како втор одат во нокаут-фазата. На Ленс му е потребен само уште еден бод (против Севиља) за да биде како третопласиран и оди во Лига Европа.

Во групата „Ц“ Реал Мадрид како прв е сигурен учесник во нокаут-фазата, а Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе му биде доволен и бод на дуелот пред своите навивачи против Брага. Унион Берлин за да биде во ЛЕ, ќе се надева на пораз на Португалците, но германскиот претставник ќе мора да оди на победа против Реал. И пораз на Наполи може да биде доволен, доколку е само од еден гол разлика, откако победи со 2:1 во Португалија на 20 септември. Доколку двата тима завршат со ист број на бодови, се оди на вкупна гол-разлика каде Наполи има предност.

И во групата „Д“ се знае дека Реал Сосиедад и Интер се патници во нокаут-фазата од ЛШ, а во директна пресметка Бенфика мора да оди на триумф од три голови разлика против Салцбург ако сака да биде третопласирана и патува во Лига Европа.

Лига на шампиони

6 коло, двојки

Група „А“

21.00 часот Манчестер јунајтед – Баерн Минхен
21.00 часот Копенхаген – Галатасарај

Табела: Баерн Минхен 13 бодови, Копенхаген 5, Галатасарај 5, Манчестер јунајтед 4.

Група „Б“

18.45 часот Ленс – Севиља
18.45 часот ПСВ Ајндховен – Арсенал

Табела: Арсенал 12 бодови, ПСВ 8, Ленс 5, Севиља 5.

Група „Ц“

21.00 часот Наполи – Брага
21.00 часот Унион Берлин – Реал Мадрид

Табела: Реал Мадрид 15 бодови, Наполи 7, Брага 4, Унион Берлин 2.

Група „Д“

21.00 часот Интер – Реал Сосиедад
21.00 часот Салцбург – Бенфика

Табела: Реал Сосиедад 11 бодови, Интер 11, Салцбург 4, Бенфика 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот