Елисејската палата демантира: Макрон никогаш не споменал можна оставка

Фото: Профимедиа

Елисејската палата демантираше тврдења на медиуми дека францускиот претседател Емануел Макрон планира да поднесе оставка со цел да распише предвремени избори, што тој, наводно, ги предложил на видео конференција со донаторите на неговата партија.

„Претседателот никогаш не учествуваше на видео конференција со донатори и никогаш не спомена можна оставка. Информациите објавени од „Фигаро” се лажни”, изјави официјален претставник на Елисејската палата.

Осврнувајќи се на зборовите на еден учесник, Фигаро тврдеше дека Макрон им кажал на мала група донатори во Лондон пред две седмици дека размислува за оставка и свикување предвремени претседателски избори како начин за „ресетирање на неговото претседателствување” по кризата со коронавирусот, што суспендираше некои основни делови од својата политичка програма.

Сепак, според Политико, негирањето од кабинетот на Макрон не е директно.

Претходно истиот ден, истиот службеник не ги негираше обвинувањата, туку едноставно одби да ги потврди. И првиот коментар на Елисејската палата за Фигаро беше нејасен.

„Ние не отфрламе ништо во принцип. Претпоставката за оставка никогаш не беше на дневен ред, ниту беше спомената на ниту еден состанок во Елисејската палата”, цитираше Фигаро изјава на официјален претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот